All for Joomla All for Webmasters

Збирката оригинални фотографии од етнолошкото одделение на Музејот на град Скопје претставува значаен етноекспликациски материјал. Освен пишаните и наративни извори во истражувањето,  фотографијата како значаен ликовен извор во себе носи голем број на информации за изминатите времиња. Збирката содржи над 1000 фотографии со различна тематика.

Збирката на оригинални фотографии е поделена тематски: градот Скопје и Старата скопска чаршија, стари скопски фамилии и градска мода, села, стопански објекти, собори, слави, свадби и мал дел од збирката во кои влегува архивски материјал (документи, реклами, дописни карти, преписки на фирми, скици и.т. н.). 

Прибирањето на фотографиите во музејските збирки се остварува преку откуп на фотографии од приватни лица, откуп на фотографии од колекционери, подароци од приватни лица и др.

Фотографиите како ликовен извор служат само како надополнување на претходни научни истражувања, кој се темелат на пишани и наративни извори. Сепак, тоа што го кажува фотографијата е вистина, но разгледана и констатирана во рамките на опшестевните, политичките и социјалните услови во кои е снимена.