All for Joomla All for Webmasters

 

Збирката содржи повеќе примероци разни по форма претежно од домашно производство грнчарија, прибрани со археолошки истражувањата на раноантички населби. Покрај основните форми скифоси и кантароси се среќаваат лекити, ојнохои, хидрии и други садови. Речиси сите се изработени од добро прочистена претежно сива глина, премачкани со сјајна енгоба од истата глина. Се работи за грнчарија која потекнува од предримскиот период (V – III век пред н.е.)

Потекнуваат од истражувањата вршени на повеќе раноантички населби и некрополи кои гравитираат во регионот на Скопската Котлина. Музеј на град Скопје кратки сондажни истражувања вршел на населбите Градиште кај Средно Нерези и Исар кај Студеничани (1952-53). Во неколку наврата истражувања се вршени и на некрополите Зајчев Рид кај с.Злокуќани (1997, 1998), Село кај с.Орешани (1993), Пржали кај с.Варвара (1995) и Круша кај Средно Нерези (1995), Кочкова населба кај Катлановска Бања (1995).