Збирката содржи оригинални фотографии на личности и настани поврзани со историјата на градот Скопје и пошироко. Таа го опфаќа периодот од крајот на XIX век до почетокот на XX век. Најстари се две фотографии снимена во 1902 година на пазарот на Калето. Овие фотографии се со посебна музејска и документарна вредност. Со својата различна содржина нудат богатство од информации и го прикажуваат времето во коешто настанале, архитектонскиот развиток на градот Скопје, луѓето и нивното секојдневие. Дел од нив се и воени фотографии, портрети и друго. Несомнен е документарниот белег на фотографиите како сведоци на времето од коешто потекнуваат.