Печати

Збирката од НОБ опфаќа предмети кои сведочат за народноослободителното движење во градот Скопје за време на Втората светска војна. Предметите се поврзани со партизанските одреди кои делувале на територијата на Скопје и предмети од партизанските единици коишто на 13 ноември 1944 година го ослободиле градот. Дел од збирката опфаќа разновидно оружје од Втората светска војна: ... , помошен војнички прибор (торби, ранци, двогледи, очила, индукторски телефон, шлемови, капи). Во збирката има голем број лични предмети што им припаѓале на партизаните, ордени, одликувања, знамиња, документи и други. Најголем дел од збирката бил изложен од 1979 до 1999 година во постојаната поставка “Скопје во НОБ”.