All for Joomla All for Webmasters
jubilej          
 
 
 
 
 
 
 
         Јубилеj
 
 
 click                     клик
web 1
 
Музејот на град Скопје одбележува седумдесет години од основањето. Тој е формиран во 1949 година од страна на Градскиот народен одбор на Скопје како Народен музеј на град Скопје. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година и санацијата на објектот на Железничката станица (од 1968 до 1970 година, проект на дипл. инж. арх. Светислав Петровиќ), Музејот на град Скопје се вселил во новите простории од адаптираната зграда на Железничката станица во 1970 година.Седумдесет години од постоењето (1949 - 2019) и педесeт години од користење на музејскиот објект Железничка станица (1970-2020) е јубилеј што ќе биде одбележан со пригодна манифестација на 12 февруари 2020 година..
 
 
 
 
 
 
makpost
 
 
Притисни на постерот за преглед на активностите на CreArt 2019 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Изложба портали 2019, Работилници.
 
 
Јавната установа Музеј на град Скопје, врз основа на Програмата за работа на Установата за 2019 година и Програмата за култура на Град Скопје за 2019 година, а во рамките на проектот “Одбележување на Јубилејот – 70 години од основање на Музејот на град Скопје“, објавува

Јавен повик

за “Одбележување на 70 години од основање на Музејот на град Скопје“

Цел на јавниот повик: Одбележување на Јубилејот 70 години од основањето на Музејот.

Право на учество: Сите правни субјекти и физички лица.

Подносителите треба да ги исполнуваат следниве критериуми за учество: 

-          Да има релевантно искуство во развивање на креативни концепти, проекти и стратегии со мултимедијален карактер и содржини;

-        Да има релевантно искуство во управување со проекти (спроведување на активности поврзани со организирање и координација на комплексни   проекти/настани);

-         Да располага со технички и човечки ресурси за управување со проекти/настани.

Потребни документи:

  • Пријава за учество на јавен повик;
  • Предлози со опис на предлог активности;
  • Детален работен план, со кој ќе се овозможи реализација на Јубилејот;
  • Предлог финансиска конструкција за реализација на активностите за одбележување;
  • Референтна листа од најмалку 3 реализирани слични проекти;
  • Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки (за правни лица).

Предлозите треба да опфаќаат поединечно:

-          Режија на документарен филм –ретроспектива на Музеј на град Скопје;

-          Режија на посебно видео со 3Д анимација;

-          Режија и видео/аудио реализација на настанот „70 години Музеј на град Скопје“;

-          Изготвување на сценарио за документарен филм-ретроспектива на Музеј на град Скопје;

-          Изготвување на сценарио за настан „70 години Музеј на град Скопје“;

-          Монтажа на видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;

-          Монтажа на посебно видео со 3Д анимација;

-          Монтажа на видео записот од настанот „70 години Музеј на град Скопје“;

-          Снимање на видео во фул ХД резолуција за настан „70 години Музеј на град Скопје“;

-          Снимање на инсерти и кадри според потребите на сценариото и режисерскиот пристап за реализација на настанот;

-          Изработка-анимирање на 3Д анимации за видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;

-          Анимирање на посебно видео со 3Д анимација;

-          Монтажа на тон на видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;

-          Монтажа на тон на посебно видео со 3Д анимација;

-          Монтажа на аудио записот од настанот „70 години Музеј на град Скопје“;

-          Компонирање на музичка подлога за видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;

-          Компонирање на музика за посебно видео со 3Д анимација;

-          Компонирање на музика за финалниот измонтиран видео запис од настанот „70 години Музеј на град Скопје;

-          Графички видео дизајн на видео за документарен филм- ретроспектива на Музеј на град Скопје;

-          Графички видео дизајн на посебно видео со 3Д анимација;

-          Графички видео дизајн на видео записот од настанот „70 години Музеј на град Скопје“;

-          Тон мајстор за звучно обликување на настан „70 години Музеј на град Скопје“;

-          Светло мајстор за структурно и архитектонско осветлување на сцената на Музеј на град Скопје за настан „70 години Музеј на град Скопје“;

-          Дизајн на монографијата 70 години Музеј на град Скопје;

-          Активности поврзани со организација и комплетен дизајн на изложба по повод 70 години Музеј на град Скопје.

Критериуми за избор на најдобри предлози:

  • Креативност и иновативност на предлозите за одбележување на Јубилејот;
  • Ефикасност во искористувањето на планираните финансиски средства за спроведување на предложените активности;
  • Релевантно искуство на подносителите на пријавата.

Јавниот повик трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето. Предлозите треба да се достават до ЈУ Музеј на град Скопје, по пошта на адреса: ул. „Свети Кирил и Методиј“ б.б. или во Архивата на ЈУ Музеј на град Скопје најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на јавниот повик.

Комисија составена од претставници на ЈУ Музеј на град Скопје ќе направи избор на предлози кои ќе го реализираат одбележувањето на Јубилејот.

Предлозите со непотполни податоци, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

Дополнителни информации може да се добијат на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и телефон 02/3227388

Средствата за реализација ги обезбедува ЈУ Музеј на град Скопје и Град Скопје.

ЈУ Музеј на град Скопје  

 

 


https://wetransfer.com/downloads/691754abac6e300837c7c57692b9d93c20190918073953/8f0920140f5d9197826ab0a5ef97b00c20190918073953/1be89e

 

Видео презентација во врска со јубилејот "70 години Музеј на град Скопје":
https://youtu.be/4w53AKXSXwE

 

Градот  Авеиро, партнер на Град Скопје,  поканува 3 визуелни уметници од мрежата CreArt, да работат на уметничка керамика за еден месец во Авеиро Аир, помеѓу 1 и 30 ноември. На учесниците ќе им бидат понудени сите услови да бидат инспирирани од регионот Авеиро и нејзината керамичка традиција. За време на престојот, уметниците ќе имаат разновидна културна програма, чија цел е да ги прошират своите знаења за технологија и стилови на производство на керамика, во соработка со професионални партнери. Уметниците ќе имаат неколку денови за културна / екскурзиска програма и развој на проекти и други активности потребни за реализација на проектот.
 
 
Повеќе информации за активноста и начинот на аплицирање на следниот линк:
 

 

2019 March News Letter

 

План за заштита на културното наследство albeng1

План за животна средина  albeng1